Оваа ноќ на “Оскарите” дефинитивно ќе биде запаметена, па барем од Крис Рок…
Она што на почеток изгледаше како дел од сценариото, набрзо беше јасно дека е вистински скандал меѓу актерите Крис Рок и Вил Смит.
Оскарите беа местото каде што се разбиваа предрасудите и беше дозволено буквално се’. Тоа веројатно ќе се промени после оваа ноќ.
Имено, за Вил Смит беше навреда кога колегата Крис Рок му рече дека неговата сопруга Џада Пинкет може да ја игра „Г.И.Џејн“ во вториот дел зошто немаше коса, па стана и му врза шамарчина на сцената.
Невкусната шега на Крик Рок беше навредлива за Вил Смит и за Џада која уште лани отворено зборуваше дека има агресивна форма на алопеција што довело да ја изгуби косата за еден ден, а потоа воопшто да не и поорасне и дека за тоа нема лек.