Италијанскиот остров се обидува да привлече туристи и повторно да заживее.
Сицилија ќе ви плати дел од летувањето само за да ја посетите. Како што пренесува порталот “Time Out”, островот е во загуба од 1 милијарда евра откако Италија прогласи карантин.
Со цел да се намали загубата, локалните власти излегоа со понуда. На туристите ќе им плаќаат половина од трошците за летот и една третина од трошоците за сместување.
Оние кои ќе се одлучат да летуваат на Сицилија, ќе имаат можност и бесплатно да влегуваат во сите музеи и галерии на островот.
Оваа понуда ќе започне откако државата ќе ги отвори границите.