Се почесто на социјалните мрежи се поставуваат фотографии и снимки од државјани на Италија кои својата благодарност за помошта во справувањето со коронавирусот ја изразуваат на Народна Република Кина или на Руската Федерација, незадоволни од реакцијата на Европската Унија и Западна Европа, од каде не пристигна помош.
Таков е и примерот кој на социјалните мрежи го објави Федерико Кане, италијанец кој знамето на ЕУ го замени со знамето на Руската Федерација порачувајќи „Грацие Путин, грацие Росија“.