„Пивофест” – најпознатиот фестивал на пивото во Македонија, кој повеќе од 18 години носеше радост, вкус и музика во Прилеп, повторно ќе оживее со нова енергија и концепт – порачува кандидатот за градоначалник за општина Прилеп, Жарко Бошкоски, кој за престојните локални избори е поддржан од “Коалицијата за успех” на политичките партии ЛДП, ГРОМ, ИНТЕГРА и ПЦЕР.
Бошкоски предлага еден нов сосема интересен концепт, преку селење на фестивалот од центарот на градот во паркот на “Могилата на непобедените”.
-Оваа уникатна ревија на пива и специјалитети на скара, надополнета со настапи на врвни балкански музички брендови, секогаш привлекуваше илјадници посетители од цела Македонија и регионот. Со повеќе пиварници, поголем избор на пива и нови гастрономски искуства, фестивалот ќе биде вистински магнет за туристите – стои во описот на овој предлог концепт.
Со преместување на фестивалот на “Могилата на непобедените”, ќе се избегне метежот во центарот и ќе се овозможи подобра организација, поголем простор и вистинско фестивалско доживување за сите посетители, концепт за кој досега во повеќе наврати зборувале и самите граѓани, кои и самите сметаат дека со цел фестивалот и понатаму да се развива, потребна е нова локација.
-Со овој пристап, „Пивофест” не само што ќе се врати на голема сцена, туку ќе стане и уште поголема туристичка атракција koja ќе го промовира Прилеп како регионален центар на добрата забава, гастрономијата и културата, вели Бошкоски.