ВИДЕО: Има 21 година, а пие од шишенце, носи пелени и спие во креветче: Причината е запрепастувачка!

Џес (21) од Флорида се однесува како бебе: носи пелени, пие од шишенце, си игра…Според неа тоа е нејзиниот начин за борба со депресијата со која се соочува поради тешкото детство.

 

moma-bebe-640x360

Џес и Дејвид од Флорида се многу необичен пар.

Џес сака да носи пелени, да пие од шишенце, да спие во креветче и се однесува како бебе. Нејзиното момче Дејвид (24) целосно ја поддржува, пренесува „Дејли Меил“.

moma-bebe-1

Џес била сексуално злоставувана кога имала две години и поради тоа и денеска се бори со депресијата и нападите на паника.

Денеска е Јутјуб ѕвезда поради својот необичен стил на живот.

Дејвид кој себе си се нарекува “татенце“ изјави: Многумина ме нарекуваат педофил и ја исмеваат Џес, но јас сето тоа го игнорирам“.

„Знаеме дека не правиме ништо лошо“ – додава Дејвид.

„Играњето на оваа улога е моето бегство од реалноста и на тој начин можам повторно да бидам бебе и да имам невино детство и да се однесувам како што сакам“ – изјави Џес.

„Можам да бидам разиграна, детинеста и слатка, таква сум и по природа. Да имав нормално детство, таква ќе бев“ – додава Џес.

Парот е во врска веќе четири години. Објаснуваат дека тука не станува збор за сексуален фетиш туку за стил на живот.

„Немаме сексуални односи кога играме улоги иако многумина мислат дека за тоа станува збор“ – изјави Џес.

„Го сакам Дејвид и го сакам тоа чувство на заштитеност.  Секогаш можам да се потпрам на него. Играњето на улоги не зближи“ – додава Џес.

„Најдобриот дел од сето ова е што можам да се грижам за Џес. Ова нема никакви сексуални конотации. Мене ме прави среќен, неа ја прави среќна и не правиме ништо лошо“ – изјави Дејвид.

Габриела Шо, психолог кој е специјализиран за помош на луѓето кои се злоставувани во деството изјави: „Иако се чини необично, не е нешто што го немам претходно видено. Сите жртви на свој начин се борат со тешкотијата и депресијата. Ако тоа и помага и ако изјавува дека никогаш не била посреќна, тогаш ова е вистинскиот метод за неа.

 




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.