Ако сте во потрага по инспирација за да почнете да читате, дефинитивно треба да научите нешто од четиригодишната Делиа Мери.
Ова девојче е од Грузија и ја освои титулата “Библиотекар на денот”. Титулата и ја додели Карла Хајден, шеф на Конгресната библиотека на САД. Но што направила Делиа за да добие ваква титула? Ништо, освен што прочитала 1000 книги!
Ова девојче има само 4 години, а веќе има прочитано 1000 книги. Нејзините родители откриле дека таа научила да чита многу порано од другите деца. Делиа најпрво ја слушала мајка си кога чита. Но по кратко време не била задоволна само од слушање, па на 2 години ја прочитала нејзината прва книга. Таа е вистински феномен.
Ф.Г.