Хрватскиот тренер Бранко Иванковиќ не се задржа долго на клупата на Ал Ахли.
Тој остана во клубот само два месеци, бидеќи по петтиот натпревар клубот одлучи да ја прекине соработката. За отказот дозна на бизарен начин, од ТВ коментаторот по поразот од Ал Вехде со 2-0.
Коментаторот го замоли Иванковиќ да ја прокоментира одлуката за отказот.
– Не разбирам за што зборувате. Не знам ништо за мојот отказ. За ова прв пат слушам.
مراسل #الدوري_مع_وليد يبلغ "برانكو" مدرب #الأهلي خبر إقالته التي لا يعلم عنها!.
#الأهلي_الوحدة pic.twitter.com/pdIWJmuV33— #الدوري_مع_وليد (@DawryWaleed) September 14, 2019