Мечот од првото коло од тенискиот турнир во САД беше прекинуван неколку пати поради прегласниот секс кој се слушаше од хотелска соба недалеку од теренот.
Еден од тенисерите додека се спремаше да сервира паузираше и погледна кон трибините бидејќи мислеше звукот доаѓа од таму и дека некој од навивачите пуштил филм за возрасни за да се мајтапи со тенисерите.
Овој негов потег ги насмеа сите на трибините, меѓутоа поради тоа што звукот не престана тој сфати дека звукот доаѓа од хотелска соба и дека станува збор за прегласен секс.