Србите денес се поздравија со фудбалската легенда Илија Петковиќ, кој не напушти на 75-годишна возраст.
Србија се поздрави со најголемиот романтичар, од државниот врв до познатите фудбалски работници и актери, сите пристигнаа за последен пат да се поздрават со поранешниот српски селектор.
Петковиќ беше голем тренер и фудбалер, а младата популација не знае како популарниот Пеле играше по теренот. Голот против Франција на неговот деби најдобро може да објасни каков велемајстор беше тој.
Постигна гол кој засекогаш остана во историјата. По него вакви голови постигнаа само Меси и Марадона.