(Видео) Играат Челси и Ливерпул, но таа е во прв план: Еве која е убавата Стефани

Французинката Стефани Фрапар доби можност да ја дели правдата на мечот од Суперкупот на Европа меѓу фудбалерите на Ливерпул и Челси.

Помошниците на Французинката се Мануела Николоси и Мишел О’Нил. Тие веќе ја делеа правдата и на други големи утакмици, како што се финалето на овогодинешното Светско првенство за жени, но нема сомнеж дека во фокусот ќе биде мечот кој се игра во Истанбул.

Запрашана дали се плаши од нееднаквите аршини во случај на грешка, Фрапар истакна дека е време женските судии да покажат дека се еднакво добри како и машките.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.