(ВИДЕО) ЗОШТО Е ДОБРО ДА СЕ ПОЗНАВААТ ЗАКОНИТЕ: Дрзок полицаец со измислен закон сакаше да казни адвокат

Screenshot_2-42-640x393

Кенет Бекер, полициски службеник од Вилимгтон, Северна Каролина, си постигна “автогол” , уверен дека униформата му дозволува да се заканува секому и на начин што тој ќе го одбере.

Бекер тој ден измислил закон пред возачот Џеси Брајт, па зажали што беше дрзок и набрзо сфати дека разговара со адвокат.

-Немој да ме снимаш. Исклучи го мобилниот или ќе завршиш во затвор. Го знам законот- се закани полицаецот Бекер, со желба Брајт да престане да го снима претресот на клиентот и неговото возило.

Но за жал за Бекер, возачот имал право да снима, па поради глупавата ситуација во која сам се доведе, завршил под истрага на контролната полиција.

– Фотографирањето и создавањето видео записи е изрично законско право. Но, ние дури и ги поттикнуваме граѓаните да ги користат мобилните телефони кога мислат дека за тоа има потреба, па и во ситуациите кога доаѓа до интеракција меѓу нив и полицајци со цел за обострана заштита – изјави првиот полицаец.

Ф.Г.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.