(Видео) Зимата стигна во Европа: Никогаш не паѓал снег толку рано, а еве кога доаѓа првиот снег во Македонија

Во северна Европа рано стигна зимата. Минатата недела во скандинавските земји падна снег. Граѓаните во Шведска велат дека е невообичаено толку рано да падне снег. Ваква појава не забележале две децении. Претходно, снегот паѓал во почетокот на ноември.

Падна првиот снег и во Австрија и Италија – Алпите се белеат. Обилни врнежи снег беа забележани пред неколку недели и на австриските Алпи. Австриските медиуми објавија дека првиот снег за оваа сезона паднал на глечерот Стубај во покраината Тирол.

Во текот на викендот врнежите се засилија и бројни скијачки области се најдоа под снежна покривка. Снегот е вообичаена појава на крајот на летото на највисоките предели на Алпите. Снег заврна и во северозападна Италија, во Ливињо, регионот Ломбардија.

Една недела порано 50 сантиметри снег наврнаа и во Швајцарија. Швајцарските Алпи се целосно покриени со снег. Областа Готхард Пас е најстуденото место, пренесува Експрес. Температурите се до -16 степени, а се очекува понатамошно заладување наредните денови. Температурите се до -16 степени, а се очекува понатамошно заладување наредните денови.

Во текот на октомври месец не е исклучена можноста во Македонија да дојде до продор на позначително студена маса од север. Кога таа ќе стигне над нашите краишта, односно над Јадранот и Медитеранот, ќе дојде до формирање на циклонски системи кои нормлано условуваат врнежи.

Со ваквите спуштања на значително постудени воздушни бранови, има услови во текот на октомври да се случат и првите врнежи од снег на планините во Македонија.

Она што е интересно, според моменталното следење на развојот на временската состојба за следните месеци, е тоа што ноември, а посебно декември, би можеле да имаме значително постудено време за разлика од изминатите години, но со нешто помалку врнежи и тоа особено во ноември, но снегот сепак нема да изостане.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.