(Видео) “Земјо македонска” грми во соблекувалната!

Македонската фудбалска репрезентација во важниот меч против Исланд триумфираше со 3-1 и заслужено се пласираше во бараж натпреварите за пласман на СП во Катар 2022.

Репрезентативците во делириум, во соблекувалната грмат патриотски песни.

Радоста на трибините беше неизмерна, а идентично „грмеше“ и во соблекувалната. Исланд не успеа да ја расипе македонската забава, но селекторот на Исланд заслужи македонско пиво.

Фудбалската јавност е во очекување на следниот противник кој веројатно ќе го дознаеме наредната недела. Дел од репрезентациите кои би можеле да ни застанат на патот се: Србија, Хрватска, Чешка, Велс…




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.