Здpaв, жив и насмеан отвараше фабрика: По 20 дена се појави во јавност (Видео)

Лидерот на Северна Кореја, Ким Јонг Ун се појави во јавност по 20 дена, во време кога кружат шпекулации за неговата здравствена состојба, пренесува севернокорејската државна агенција КЦНА.

Според наводите на КЦНА, Ким присуствуваше на отварањето на фабриката за ѓубриво во Сунчеон, блиску до Пјонгјанг, со други високи службеници, меѓу кои беше и неговата сестра Ким Јо-џонг.

Ким за последен пат беше виден на 11 април на состанокот на Политбирото на Работничката партија.

Шпекулациите за неговото здравје започнаа да се шират на 15 април, откако тој не се појави на најважниот национален празник во Северна Кореја.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.