Со контролирана експлозија Кинезите за 10 секунди со земја срамнија 19 облакодери во градот Вухан.
Тие се срушени за на нивно место да се изгради деловен центар.
Просторот од 150.000 квадратни метри е иселен една недела порано, а се наоѓа блиску до центарот на градот.
Изведувачите мораа да внимаваат да не оштетат нешто во близина.
„Користевме пет тони експлозив поставен на 120 локации. Секоја експлозија се случуваше по неколку микросекунди. Ефектите беа идеални“, изјави Јиа Јонгшенг, директорот на компанијата која го изврши рушењето.