Повеќе од 10 милиони евра се вложени во образованието во Прилеп во периодот од 2005 до 2016 година. Буквално нема училиште каде се нема инвестирано, било тоа да се наоѓа во градот или во некое од населените места на територијата на Општина Прилеп.
Бидејќи младите се иднината на една држава и општество, токму тука и беше ставен акцентот и приматот на општината за инвестиции во образованиот систем во соработка со Министерството за образование и Владата.
Се реновираа и реконструираа дури и најстарите училишта, во некои објекти, постари дури и од 90 години, каде учениците учеа во мизерни услови се немаше вложено ниту денар. За овие 12 години се случија најголемите инвестиции во образованието во Прилеп од постоењето на самите училишта па се до денес.
Голем број училишта комплетно се реновираа, добија нови училичници, комјутери, надгледни средства, спортски игралишта и сали.
Разликата како изгледаа училиштата некогаш во Прилеп и како изгледаат сега може да ја погледнете во видеото.