(Видео) За среќа ставени под контрола: Попладнево пожари се закануваа да ги зафатат манастирот кај Зрзе и селото Кошино

Попладнево на територијата на Општина Долнени избувнаа два пожари. Првиот, над Манастирот Зрзе, на висок и непристапен терен, гори висока трева, нискостеблеста шума како и дабова шума и шума од габер, но се заканува опасност пожарот да се приближи и кон с. Зрзе. Вториот пожар е над с. Кошино каде што освен висока сува трева гори и квалитетна дабова шума а пожарот се приближи на околу 300 метри од првите куќи во селото – информираа од Центарот за управување со кризи.

Како подршка на прилепските пожарникари кои се обидуваа да воспостават контрола над пожарот од земја, пристигнале два Ер трактори на ДЗС и хеликоптер на МВР, кои помогнале да бидат ставени под контрола краците на пожарот кои ги загрозуваа селата.

Од ЦУК велат дека не постои опасност кон манастирот Св. Преображение над селото Зрзе.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.