(Видео) “За сите кои се расправате дали сум жив или мртов”: Се појави видео од Пригожин во Африка

Антон Герашченко, советник во Министерството за одбрана на Украина, објави на социјалната мрежа Х (поранешен Твитер) видео снимка од лидерот на вагнерската група Евгениј Пригожин. Наводно направена во Африка непосредно пред неговиот авион да се урне во руската област Твер минатата недела.

– За оние кои дебатираат дали сум жив или не и како сум: сега е викенд, втората половина на август 2023 година, јас сум во Африка – рече Пригожин во видеото.

Ознаката на видеото покажува дека првично е објавено од “Gray Zone”, канал на Телеграм поврзан со „Вагнер“.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.