Младиот бизнисмен Метју Лепре (26) кој бара асистент да патува со него низ светот и да му помага во работата, објави дека добил 40.000 пријави за работа.
Потенцијалниот работник би добивал 32.000 евра плата, а ќе престојува и во лyкcyзни хотели ширум светот.
На огласот пишува “Најдобра работа во светот”, а како што вели Метју, освен пиjaви за работа добил и брачни понуди.
“Добив повеќе од 40.000 пријави од сите делови во светот, а од сите кандидати дури 75 проценти се жени. Добив и неколку понуди за брак”, вели тој.