Вејн Вајт од Тексас, САД, ја запопочнува третата зима како водач во станицата Амундсен-Скот на Антарктикот. Тој е одговорен за безбедноста на 42 техничари, научници и помошен персонал. Во еден особено студен ден, тој се облекол со топла облека и започнал да се движи по замрзната површина која се протега илјадници километри во сите правци. За кратко време слушнал необичен звук.
“Кога ќе здивнете на -60 степени, се слуша чуден звук. Пареата се смрзнува додека излегува од уста”, објаснува Вајт за време на интервјуто преку сателитскиот телефон од станицата.
Koга не е во поларната истражувачка станица, Вајт живее во Рокпорт, Тексас. На Јужниот пол е задолжен за сигурноста на персоналот, како и за одржување на станицата и објектите на Националната научна фондација. Секој ден врши надзор врз објектите, се грижи за луѓето и генерално води грижа за работата да се одвива без никаков проблем.