(ВИДЕО) За миг им ја проголта цела мака и труд: Пожарот во прилепско Царевиќ проголта над 130 пчелни семејства, амбари, куќи….

Пожарот кој на 18.07. околу 10 часот избувна кај прилепското село Царевиќ, остави пустош зад себе. Изгорени викенд куќи, уништени големи пчелни семејства… За среќа повредени лица нема, но причинета е огромна материјална штета.

Според неофицијални информации, пожарот е подметнат и уапсени се две лица. Оштетените сопственици велат дека во селото уништени се повеќе од 130 пчелни семејства, а изгореа и три куќни амбари со алат. Првичните проценки се дека штетата изнесува над 90.000 евра.

Глетката е жалосна, а од Центарот за управување со кризи информираат дека пожарот се’ уште е активен – гори мешана шума и нискостеблеста вегетација.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.