Кошаркарите на НБА клубот Мајами за малку избегнаа трагедија за време на слетувањето на авионот во Милвоки.
Кошаркарите на Мајами имаат утакмица утре вечер, но за малку избегнаа голема трагедија.
“За време на слетувањето во Милвоки дојде до излизгување на авионот. За среќа никој не е повреден”, стои на официјалниот сајт на Мајами Хит.
Повредени нема, но сведоците од авионот велат дека моментот на слетувањето бил прилично драматичен. Пилотот со крајни напори успеал да го застане авионот и да ја спречи несреќата.
Ф.Г.