(ВИДЕО) Запросување на бина на „Лешочки фолк фест 2019“: Пејачот ја побара својата девојка среде настап

Триото „Кладенец“ вчера настапуваше на „Лешочки фолк фест 2019“, а по своето претставување вокалот Сашо Костадиновски ја побара за жена својата девојка Даниела Спасеноска.

Сашо, според вообичаениот ритуал, извади прстен и клекна на едно колено пред девојката прашувајќи ја: Дали ќе се омажиш за мене. Одговорот на Даниела беше-ДА.

Триото „Кладенец“ беа едни од изведувачите кои на фолклорниот фестивал во Лешок изведоа свадбарски песни, а нивната беше насловена „Свадба најубава“.

-Песната е посветена на мојата љубов и за мојот кум. Со таа песна ја крунисуваме нашата љубов, изјави Сашо Костадиновски.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.