(Видео) Започна: Наредена е евакуација на цивилите од Донбас

Лидерот на Доњецката Народна Република (ДНР) Денис Пушилин преку видео објавено на социјалната мрежа Твитер им се обрати на граѓаните и рече дека е наредена масовна евакуација на цивили од таа област во Русија.

Тој рече дека Русија се согласила да обезбеди сместување за луѓето што заминуваат и дека приоритет треба да бидат жените, децата и постарите лица.

-Почитувани жители на Доњецката Народна Република! Сонародници! Во последните месеци забележуваме секојдневно зголемување на бројот на воен персонал и cmpтоносно оружje од страна на Украина, вклучувајќи ги pakетните системи Торнадо и Ураган, pakетните фрлачи НЛАВ долж целата линија на контакт. Денеска нивното оружje е насочено кон цивилите, нас и нашите деца, вели тој во видеото.

Како што наведе во видеото, претседателот на Украина, Володимир Зеленски, наскоро ќе издаде наредба на армијата да тргне во офанзива, да го спроведе планот за инвазија на територијата на Доњецката и Луганската народна република.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.