(Видео) Запознајте го најбројното семејство: Мајката на 44-години го чека 22-то дете (Видео)

Најголемото британскот семејство брои 24 членови – родители, 21 дете, а со нетрпение се очекува и приновата. 44-годишната Сју Радфорд за два и пол месеци ќе го роди 22-то дете.

Гордата мајка на Инстаграм има над 212.000 фанови, а со нив неодамна сподели и фотографија како изгледа во 30-та недела од бременоста.

“Толку сум горда што во мојот стомак расте 22 човечко суштество”, напиша Сју и добри повеќе од 14.000 лајкови.

44-годишната мајка ќе роди девојче.

Со својот 48-годишен сопруг Ноел и 21 дете живеат во куќа со десет спални соби, а единствен извор на приход им е платата од Ноел кој работи како пекар. Покрај тоа добиваат и по 170 фунти неделно како детски додаток.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.