На својот Јутјуб канал терористите од групата Фајлак Ал-Шам, се фалеа дека со проектил убиле група на сириски војници, кои во далечината се гледа како преминуваат преку ѕид во некое село на подрачјето на јужен Алепо.
Но, подоцна се покажа дека се работело за борци на Ал-Нусра Фронтот, кои заедно со повеќе терористички групи учевствувале во офанзивата против сириската војска во јужен Алепо.
Во пријателски оган е убиен еден од најважните команданти на Ал-Нусра Фронтот, Омер Ал-Дагестани. Прво не се знаело дали се работи за пропаганда, но потоа бројни арапски страни ја потврдиле веста.
Според извештаите на локалните медиуми, Омер Ал-Дегестани е убиен со уште тројца други милитанти од Ал-Нусра, кога проектил кој го испалиле терористите на Фајлак Ал-Шама, удрил на нивната позиција во близина на местото Бурсах на југот од Алепо.
A.Г.