(ВИДЕО) ЖИВОТ ВО СТРАНСТВО ? Во овие места им плаќаат на оние кои ќе се доселат

Овие градови даваат “непристојни понуди” со цел да привлечат нови жители.

Ололаи, Италија

Ова градче на Сардинија продава куќи по цена од едно евро со цел да привлечи нови жители. Главно се бараат млади луѓе, како би се зголемила популацијата. Меѓутоа, новите сопственици мора ја реновираат куќата, за што им требаат околу 25.000 евра.

Албинен, Швајцарија

Во ова село кое се наоѓа на швајцарските Алпи, има околу 240 жители. Местото е посетено од голем број туристи, но алармо се вклучи кога голем број на луѓе започнале да се иселуваат.

Властите нудат 26.000 долари за секој возрасен и 10.000 долари за секое дете кои би се доселиле. Услов е да сте помлади од 45 години и во селото да останете најмалку 10 години.

Аљаска, САД – било кој град

Жителите на Аљаска добиваат годишна дивиденда од државата како паричен надомест за експлоатација на природните богатства.

За да еден жител добие дивиденда, мора да живее во Аљаска цела година. Заминувањата се дозволени, но треба да се покаже желба и воља да го поминете животот во Аљаска. Доколку сте отсутни две години, мора да поминете најмалку 72 часа во Аљаска ако сакате дивидендата да ви биде исплатена.

Кандела, Италија

Во ова живописно градче на југот од Италија, некогаш живееле околу 8.000 жители. Меѓутоа, денес тој број е за четири пати помал. Младите го напуштаат градот и заминуваат во поголеми градови.

Поради големиот број напуштени куќи, градските власти нудат интересни финансиски решенија како би привлекле нови жители.

Градоначалникот на градот на секој кој има 7.500 евра годишни приходи, му поклонува уште 2.000.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.