Жена загуби прст обидувајќи се да нахрани ајкула од својата јахта во западното австралиско приморје, на околу 2.000 километри северно од градот Перт.
Мелиса Бранинг се обидела да оствари поблизок контакт со морското суштество долго над два метра, но тоа речиси веднаш ја повлече во водата во заливот Дагонг Беј.
На тоа место освен огромни ајкули, има и крокодили од по седум метри.