Европа се враќа во нормала по пандемиjaта: Грците чекаат туристи, Италијанците незадоволни (Видео)

Милиони луѓе во Европа започнаа да се враќаат на нормалниот начин на живот, откако повеќе земји започнаа да се отвараат по неколку месеци во изолација.

Меѓутоа, не се сите задоволни како изгледа новата “нормала”. Италијанските компании жecтоко kpитикуваат бидејќи мерките се олабавени, но не и целосно укинати. Учениците се враќаат во училиштата, фризерските салони повторно се отворени. Белгијците повторно започнаа да го користат градскиот превоз, но мора да носат маски за лице. Во Грција и португалија малите продавници се повторно отворени.

“Другата фаза на ублажување на мерките во Италија започна и се очекува уште оваа недела 4 милиони луѓе да се вратат на работа, некои услуги на градскиот превоз се достапни, а многу компании се подготвени на повторно отварање. Како никогаш до сега иднината на нашата земја е во наши раце”, рече италијанскиот премиер Џузепе Конте на Фејсбук.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.