Oпштина Прилеп на својот веб сајт објави нови три проекти кои ќе се разлизираат во Прилеп.
Во населбата Точила ќе се гради нова поголема детска градинка, со која значително ќе се подобри состојбата со згрижување на децата од предшколска возраст во Прилеп.
Во населбата Сточен Пазар ќе се гради ново училиште до петто одделение, со што ќе се реши проблемот на жителите на оваа населба и ќе се доближи образовниот процес до најмладите.
Нов изглед ќе добие и улицата Андон Слабејко, каде ќе се изгради нова современа пешачка улица, што дополнително ќе го разубави централното градско подрачје.
А.Г.