Селекторот на Франција Дидје Дешамп на полувлеремето во соблекувалната им одржа мотивирачки говор на своите избраници. Можеби тоа ги мотивираше да го разбијат отпорот на Хрватска.
Французите на полувреме водеа 2-1, но Хрватска постојано опасно се закануваше кон голот на Лорис.
“Дали видовте? Тие користат лакти, користат тело… Што прават тие? Освен повремени дијагонали, тие веднаш го бараат Манџукич. Тој ја проследува со глава, гради или нога. Внимавајте на него. Бидете внимателни со него, “затворете го”, побара селекторот од играчите.
“Тие се агресивни. Видете колку енергија вложуваат. Играјте наједноставно што можите. Брзо додавајте ја топката. Подајте му ја на Килија (Мбапе)! Антоан, смири се за време на контранападите.Стоиш пред напаѓачот кога би требало да бидеш опција. 45 минути! Знаете што следи. Држете ја главата горе и опуштете се кога ја имате топката- Бум. Додавајте ја напред”.
Можеби овој говор не се разликува многу од нашиот познат “Клавајте голови”, но веројатно делува мотивирачки на спортистите.
Погледнете: