Иако има 33 години, Кристијано Роналдо изгледа и игра како да е во врвот на кариерата, за тоа е заслужен неговиот начин на исхрана.
Познато е дека Роналдо има неверојатна работна етика и се грижи за исхраната.
Португалецот каква храна јаде за доручек, ручек и вечера.
За прв оброк Роналдо јаде шунка, сирење, кроасани, тост со авокадо, јогурт, неколку видови на овошје…
Ѕвездата на Реал открива дека во текот на денот има повеќе оброци, па често конзумира храна во помали количини, до шест пати дневно.
За ручек 33-годишниот фудбалер преферира риба. Најмногу сака бакалар со компир, јајца и лук, а меѓу омилените риби му се сабјарка, лубин и орада.
Роналдо изјави дека избегнува храна која е лоша за него – алкохол и благо.
Главниот кувар на португалската репрезентација вели дека Роналдо не може без чаша црвено вино, свежо овошје, житарици и салата.
На тренинзите и утакмиците, Кристијано конзумира напитоци со електролити и витамин Б12.