Лоши вести за Барса, Рафиња ги скинал лигаментите

rafinja-500

Играчот за врска на Барселона Рафиња Алкантара го скинал предниот вкрстен лигамент на коленото, што значи дека за него сезоната е завршена.

Дополнителните прегледи ги потврдиле претпоставките на лекарскиот тим на Барселона дека Бразилецот доживеал тешка повреда на мечот против Рома во рамките од ЛШ.

Тој влезе во игра во вториот дел на местото на Иван Ракитиќ, а веќе при првиот контакт со топката се најде на земјата во големи болки откако врз него стартуваше Раџа Наинголан.

Фудбалерот на Рома за овој негов потег доби жолт картон, а Рафиња мораше да ја напушти играта и да му го отстапи местото на Маскерано.

Без разлика на тоа што нема да игра до крајот на сезоната, Барселона одлучи да му понуди нов петгодишен договор на Рафиња, со оглед на тоа дека актуелниот му истекува во 2016-та година.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.