Од далечина ова дрво изгледа сосема обично, како и секо друго, но доколку го погледнете подобро ќе ја воочите разликата во обликот и големината на листовите, цветовите и плодовите кои хармонично растат и се развиваат едни покрај други.
Дрвото кое го привлече вниманието на целиот свет е дело на професорот и уметник во Универзитетот во Сиракуза, чие име е Сем Ван Акен и одговорен е за создавање на ова хибридно дрво на кое растат 40 различни плодови во исто време.
Звучи неверојатно, зар не ? Меѓутоа, ова дрво навистина постои и претставува проек на кој Ван Акен работи веќе подолго време.