Двегодишно дете од американската држава Атланта се качило на аеродромската лента за багаж , по што завршило во болница.
Детенцето избегало од мајка си и се качило на подвижната лента на аеродромот Хартсфилд- Џексон во Атланта. Мајката Едит Вега вели дека само за момент го оставила детето, за да пополни формулар за багажот, а кога се свртела детето исчезнало.
Малиот се качил на лентата по која се возел меѓу торбите и коферите и завршил во просторијата каде што се врши безбедносна проверка на багажот. Таму го забележал еден од вработените и ја сопрел лентата.