Властите на Порторико соопштуваат дека во вторникот биле откриени над 100 кутии со непреброени гласачки ливчиња, една недела откако се одржаа изборите во САД.
Франциско Росадо, новиот претседател на изборната комисја, вели дека кутиите биле распоредени во заштитениот трезор. Тој се пожали дека поради намалени финансии не можел да ангажира персонал кој ќе ги преброи гласовите.
“Утврдивме, за жал, неорганизираност во ракувањето со материјалите во трезорите”, изјави тој на прес-конференција за новинарите. “Исчезнале. Лошо организирано. Мора да го признаеме тоа”.
Росадо вели дека се’ уште не знае колку вкупно гласови има во гласачките кутии, напоменувајќи дека некои содржеле по 3 гласачки ливчиња, а други над 500.