Роботите и луѓето од сега имаат уште една заедничка карактеристика, се загреваат и се се потат кога вежбаат. Роботот со име “Кенгур”, кој го направиле научниците од Универзитетот во Токио, опремен е со систем за лачење.
Како што му служи потењето на човечкиот организам за разладување, така и Кенгур започнува да се поти кога прави склекови. На тој начин го разладува погонскиот систем и спречува моторите да прегорат, како што можете да видите во ова видео.
Ф.Г.