(ВИДЕО) “Дожд од пари” во сиромашниот крај: Луѓето не можеа да веруваат, а потоа им се обрати нивниот “спасител”

“Дожд од пари” започна да “врне” во сиромашниот дистрикт Шам Шуи во Хонг Конг.

Банкноти од 100 долари започнаа да паѓаат од небото. Кога го видоа тоа, граѓаните изненадени и радосни започнаа да ги збираат парите, а некои се качуваа и на крововите на автомобилите како би собрале што повеќе.

Меѓутоа, наскоро стигна полицијата и ја растури забавата барајќи сите да го предадат она што го собрале.

Во описот на видеото се наведува дека добродетелот “суперхерој” е човек кој “ги ограбувал богатите за да им помага на сиромашните”. Се верува дека тоа е сопственикот на компанијата која промовира трговија на дигитални производи преку интернет.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.