Агенцијата на Обединетите нации за храна, светската програма за храна е добитник на овогодинешната Нобелова награда за мир поради својата борба против глад, соопшти денеска Нобеловиот комитет.
Наградата вредна 1,1 милион долари, добитникот ќе ја прими на 10. декември во Осло. Оваа година во трка за оваа престижна награда беа 318 кандидати, од кои 211 поеиднци и 107 организации.
Листата на номинирани како и секоја година беше тајна, а познато е единствено дека бројот на номинирани бил 318.
Доделувањето на престижното признание привлекло шпекулации ширум светот откако се појавила информација за номинација на американскиот претседател Доналд Трамп, но се испоставило дека тој не е на листата.