Првенецот на Викторија и Дејвид Бекам по пет месеци во врска ја запроси актерката Николa Пелц, а свадбената веселба би требало да се одржи на Свети Стефан во Црна Гора.
Бруклин Бекам, најстариот син на легендарниот англиски фудбалер Дејвид Бекам, наскоро ќе стапне на лудиот камен.
Иако се во врска само пет месеци, Бруклин одлучи да ја запроси својата 4 години постара девојка.
ж
За организацијата на свадбената веселба ќе се погрижат родителите на младоженецот, а изборот падна на едно од најлуксузните места на црногорското приморје.
– Славниот пар одлучи на најстариот син да му направи интимна свадба, за околу 50 луѓе и тоа на истото место на кое најдобриот тенисер во светот Новак Ѓоковиќ го кажа судбоносното “да”. Познато е дека тие веќе неколку пати летувале на Свети Стефан. Токму поради тоа одлучиле во Црна Гора да ја прават свадбената веселба- тврди за порталот “Aло”, изворот кој додава дека свадбата е закажана за мај наредната година.