По се изгледа не е само Македонија земјата каде не се води грижа за фудбалските стадиони.
Запоставени и напуштени стадиони кои некогаш претставувале вистински фудбалски храмови и каде се славел фудбалот и спортот, има насекаде низ светот.
Ова се десетте најзапуштени стадиони во светот, кои кога ќе видете како изгледале претходно, ќе ве обземи тага.
Прв е стадионот “Чонгкинг” во Кина. Веднаш по него следува “Безиград” стадионот во Словенија, а потоа и стадионот “Ла Мартиника” во Мексико.
На седмо место е некогашниот стадион на Детроит лајонс, “Силвер Доме”, a на шесто место е стадионот “Пинериао” во Коритиба, Бразил.
Следува стадионот “Aвангар” во градот Припјат во Украина, град во зоната околу Чернобил. На четврто место е стадионот на Акрон Зипс Фудбал, во САД, а потоа и “Олд Хамден Парк” во Глазгов, Шкотска.
Првите две места ги заземаат стадионот “За Лузанками” во Брно, Република Чешка и стадионот “Астро Дoме” во Хјустон, САД.
Со оглед на тоа во каква состојба е стадионот “Гоце Делчев” во Прилеп, веруваме ќе се сложите дека лесно може да се најде на оваа листа.