Во Нови Сад се одржа ММА натпреварувањето “Serbian Battle Championship 17”, во кое се случи веројатно најдобриот потег во историјата на овој спорт.
Бразилецот Мичел Переира успеа за 4 минути да го нокаутира Ларте Коста Силва со потег кој публиката ја остави без здив.
Оваа борба беше главниот настан на вечерта и во целост ги оправда очекувањата на публиката.
Переира стигна до 18-та победа во кариерата и тоа со потегот познат како “Салто мортале”.