Фудбалерите на Банфилд на мечот против Крусеро Дел Норте изведоа акција каква одамна не виделе љубителите на фудбалот.
Познато е тека во Јужна Америка се игра атрактивен фудбал, особено кога се работи за бразилското и аргентинското првенство. Една таква, атрактивна фудбалска акција ни доаѓа од аргентинското првенство, во режија на фудбалерите на Банфилд.
Имено, оваа екипа славеше со 2:1 против Крусеиро Дел Норте, а на вториот гол му претходеше фантастична акција, каква одамна не сме виделе на фудбалските терени. Оваа акција со гол ја круниса Џовани Симеоне, син на тренерот на Атлетико Мадрид Диего Симеоне.