На една од најубавите и најексклузивните плажи на грчкиот остров Санторини се преземени првите мерки во обезбедување на побезбедно летување за време на пандемијата коронавирус. Имено, таму се поставени први лежалки со заштита од плексиглас од двете страни.
Посебни прегради, пешкири за еднократна употреба и антисептици се само некои од мерките кои овие денови се видени на плажите во склоп на луксузните хотели на Санторини.
#Santorini #hotel owner installs special #plexiglass protectors around sun beds https://t.co/Cptz22pNgu pic.twitter.com/oiYsFUsirZ
— Proto Thema English (@eprotothema) May 4, 2020
Со оваа конструкција гостите на хотелот нема да мора да се грижат за можното пренесување на коронавирусот.
-Вработените во хотелот ќе бидат опремени со маски и ракавици. Видовме слични ситуации во светот па дојдовме до идеја да го направиме и тоа на Санторини за нашите клиенти да се чувствуваат побезбедно – рекол сопственик на луксузен хотел, Чарли Чахини.