(Видео) ГРУБИ ВЕЛИ ДЕКА ЗАЕВ „ЛУПAЛ ГЛУПOCTИ“: Заев бил политичар кој често се извинyвaл и лyпaл глyпocти

Ниту една цена за имплементација на некој закон не е поголема од цената на мирот и добрите меѓуетнички односи, а зaконoт за јазици тоа го носи. Ова вчера го изјави пратеникот на ДУИ Артан Груби за драфт мислењето на Венецијанската комисија за законот за употреба на јазиците.

Денеска за оваа изјава премиерот Зоран Заев запрашан од новинарите кое е неговото мислење, односно дали со законот за јазици невистина го обезбедува мирот во државата, Заев затекант од кажаното од страна на Груби рече дека политичарите понекогаш знаат и да лупаат глупости.

Само неколку часа по навредливата изјава пратеникот Артан Груби експресно му возврати на премиерот потенцирајќи дека Заев зборува за него.

– Очигледно изјавата на премиерот се однесува на него, затоа што зборува за себе. Сметам дека тоа е момент на саморефлексија и на зачестена самокритика којашто често е проследена со извинување. Лично сметам дека тоа е доблесна особина на саморефлексија и самокритика – вели Груби.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.