(Видео) Градот од бајките нуди бесплатни станови: Во овој германски град деловниот простор е речиси бесплатен, но има една мpaчна тајна

Живописното градче Герлиц, на крајниот исток од Германија, е добро зачуван бисер во кој се снимаат и многу холивудски филмови како “Гранд Будапест хотел”, “Пpokлетници” и “Читач”.

Меѓутоа, стариот град со фасади со пастелни нијанси, кој привлекува 140.000 туристи годишно, има и друга, мpaчна, страна.

Градот е познат по тоа што таму се најниските плати во Германија и по неговите радикални десничари.
По падот на Берлинскиот ѕид во 1989 година, Германците од Источна Германија масовно преминувале на запад, па во 2013 година бројот на жители опаднал на 54.000.

Градските власти сфатиле дека мора нешто да преземат ако сакаат да го прекинат тој тренд и така дошле на идеа да нудат бесплатни станови и деловен простор за еден месец.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.