“Претходниот викенд, односно од 6 до 8 март бев во Виена, а по моето враќање се пријавив во Центарот за јавно здравје како совесен граѓанин. Австрија не беше ставена ниту во изолација, ниту пак беше ризична земја. Апсолутно нема место за карантин, ниту пак имам некакви симптоми за да се пријавам на лекар за да правам некакви испитувања. Мерките кои се презедоа во државата се објавија на 9ти март”, изјави градоначалникот Илија Јованоски кои и самиот е лекар.
Австрија е сместена во земјите со среден ризик каде има 302 потврдени случаи, а 120 во последниве 24 часа. Градоначалникот не го следеше примерот на останатите политичари кои изминатиов период патуваа во странство, но по нивното враќање се изложија на самоизолација.
Периодот на инкубација – помеѓу заразувањето и појавата на какви било симптоми – трае до 14 дена, според Светската здравствена организација!
Видео: infokompas