(ВИДЕО) “Градоначалникот не кажа кога ќе е готов ветениот нов театар од предизборието?”

Со претставата „Макбет“ од Вилијам Шекспир, во режија на Нела Витошевиќ а во изведба на Македонскиот народен театар од Скопје, синоќа беше отворен 54.Македонски театарски фестивал „Војдан Чернодрински“.

Во своето обраќање пред присутните, градоначалникот на Прилеп, Илија Јованоски рече дека театарската сцена е место од каде извираат безвременски пораки, мудрости и вредности, вткаени во ризницата на нашето богато културно творештво.

„Свесен дека стојам пред градот кој има силен идентитет, кој се препознава по инспиративните културни и духовни вредности, кој е ризница на историско и културно паметење преточено во феноменот – театар. Затоа оваа тема внимателно ја промислуваме и одлучуваме преку анализа на специфичните околности на времето во кое живееме. На нашиот град како субјект со силни културни пулсирања, овој проект му го должиме“, истакна градоначалникот Јованоски.

Меѓутоа, Јованоски не кажа ништо за ветувањето за изградба на нов театар во Прилеп, ветување кое актуелниот градоначалник го даде пред локалните избори во 2017 година.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.