Форумот на жени при ОО СДСМ Прилеп вчера објави “балетски перформанс” на така наречениот Jerusalema Challenge.
Откако видеото предизвика бурни негативни реакции од низ целата држава, истото беше избришано од официјалната Фан страна на Фејсбук, но видеото и понатаму се споделува на сите социјални мрежи.
Перформансот започнува во партиските простории на СДСМ во Прилеп, па од паркот на Могилата на непобедените се сели во градската општа болница “Борка Талески”.
Tука на партиските активистки им се приклучува градоначалникот на општина Прилеп, Илија Јованоски и 50-тина вработени во болницата.
Социјалните мрежи вријат од реакции. Граѓаните го повикуваат министерот за здравство Венко Филипче да реагира, со оглед на тоа дека Прилеп е во самиот светски врв со жртви, на 100.000 жители од Ковид-19.
Засега изостанува било каква реакција од властите…
Заевите сведици у некој обред ли, што ли pic.twitter.com/5ROrqhIQpR
— Kuglica (@Kuglica6) December 30, 2020