Златан е познат како човек без влакна на јазикот, а оваа негова карактеристика ја потврди уште еднаш.
Речиси да нема ден а напаѓачот на Лос Анџелес Галакси да не даде некоја изјава со која ќе ги насмее Американците.
Овој пат го прашаа, како би помогнал во развојот на фудбалот во САД.
“Да не бев оженет, ќе го ширев мојот ген низ САД и така би помогнал на фудбалот во Америка”, рече популарниот Ибракадабра.